Оливие Жиру и оваа сезона е најдобар стрелец на Милан, но францускиот ветеран се подготвува за заминување од „Сан Сиро“ на крајот од сезонава.
Тој веќе има полни 37 години, се уште не размислува за пензија, но Жиру веќе им соопштил на клупските директори дека сака уште еден нов предизвик во кариерата пред и официјално да му каже збогум на фудбалот. „Росонерите“ имаа подготвено нов едногодишен договор, но веќе им е јасно дека Жиру ги минува последните месеци во клубот и се подготвуваат за негово заминување.
Клубовите од Саудиска Арабија не жалат пари за да го доведат Французинот во оваа држава, но извори блиски до голгетерот тврдат дека тој сака да се пресели во САД и да одигра две сезони во МЛС-лигата пред и официјално да ја заврши кариерата.
Што се однесува до Милан, ангажманот на нов голгетер ќе биде приоритет во летниот преоден рок, а на врвот на листата со желби се наоѓа Словенецот Шешко од редовите на Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА