Ѕвездата на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум е преполн со самодоверба оваа сезона. Тејтум ги предводи Селтикси со 27,1 поен, 8,6 скока и 4,8 асистенции по натпревар.
По неговиот петти Ол-стар, третиот пик од драфтот во 2017 година самоуверено истакна дека е најдобриот играч во НБА.
Пред само една година Тејтум на истото прашање одговори дека тоа е Јанис Адетокумбо, а сега го спомена и Никола Јокиќ.
„Имам многу почит за многу играчи во лигата. Таму е Јанис, се разбира, Јокиќ, очигледно – освои титула. Ембиид, тој беше МВП. Лигата е во добри раце. Навистина верувам во тоа секој пат кога ќе стапнам на подот, дека јас сум најдобар играч“, додаде Тејтум.
Селтикси во моментов се лидери во НБА со 43-12, па се фаворит на истокот за пласман во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

