Данило Галинари е нов кошаркар на Милвоки

Данило Галинари не мораше долго да чека за нов ангажман во НБА. Само неколку дена откако беше ослободен од Детроит Пистонс, Италијанецот потпиша договор со Милвоки Бакс до крајот на сезоната вреден еден милион долари.

Шестиот пик од драфтот во 2008 година започна оваа сезона во Вашингтон, од каде што се пресели во Детроит, за кого не одигра ниту еден меч.

Одигра 760 натпревари во регуларниот дел од сезоната и 48 во плејофот во НБА. Тој ги носеше дресовите на Њујорк Никс, Денвер, Клиперс, Оклахома, Атланта, Вашингтон и Детроит.

Се вчитува...