На 78-годишна возраст почина Артур Жорж Брага де Мело Тешеира, објави португалскиот спортски дневен весник „Абола“.
Поранешниот фудбалски тренер, кој со Порто во 1987 година го освои Купот на шампионите, починал како последица на долго и тешко боледување, соопшти неговото семејство. Во текот на својата играчка кариера, од 1965 до 1978 година, Артур Жорж беше член на Порто, Бенфика, Белененсес и Академика.
Како тренер, најголемиот успех со Порто го постигна во 1987 година, кога ги предводеше „змејовите“ до трофејот во Купот на шампионите, победувајќи го Баерн во финалето (2-1). Покрај Порто, меѓу останатите клубови, како тренер ги водеше и Бенфика, ПСЖ, ЦСКА Москва, Тенерифе, Витесе… Кратко време беше селектор и на Швајцарија.
Инаку, тажна вест пристигнува во Порто ден откако направија голем подвиг во осминафиналето на Лигата на шампионите и го совладаа Арсенал (1-0) во првиот натпревар од осминафиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

