Само на Балканот: Фудбалер на Партизан поради долгови се спакувал и заминал дома

Холандскиот фудбалер во редовите на Партизан, Ксандер Северина утрово не се појавил на тренинг, ги спакувал работите и го напуштил станот каде престојувал, и се вратил во татковината.

Според пишувањата на српските медиуми, причината за „бегството“ од Партизан се долговите. Наводно клубот на играчот му должи 25.000 евра по основ премија за потпис на договорот, додека на неговиот агент се должело 50.000 евра. Сето ова се причините поради која играчот си заминал дома.

Ова не е првпат играчи на Партизан поради незадоволство да „исчезнуваат“. Претходно тоа беше случај со Фусени Диабате и Такумо Асано, кои исто така се одлучија на ваков потег.

Партизан остана без важен играч во борбата за титулата. Северина беше еден од најдобрите играчи на „црно-белите“ во оваа сезона.

Се вчитува...