Фудбалер на Интер: „Јас сум најдобар во Европа, зад мене се Родри и Крос“

Интер во првиот натпревар од 1/8 финалето го совлада тимот на Атлетико Мадрид, и се стекна со минимална предност пред реваншот во Мадрид. Ланскиот финалист со тоа ќе патува на реваншот со големи очекувања за пласман во следната фаза.

Еден од најдобрите играчи на Интер беше Хакан Чалханоглу. Турскиот играч од средниот ред и дефинитивно сезонава игра одлуично, а тој „пука“ од самодоверба што за себе вели дека е најдобар играч во средниот ред во Европа.

Чалханоглу кажа дека толку е најдобар, што зад него се и играчот на Сити, Родри како и легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Тони Крос.

„Пред неколу месеци реков дека сум меѓу пет најдобри организатори на играта, и никој не ми веруваше. Но, верувам во себе, ги познавам своите квалитети и не се плашам од никого. Сега сум јас на прво место, после мене се Родри, Крос, па Кимих и Фернандез“, изјави Чалханоглу и додава:

„Голови какви што постигнувам јас не дава никој. Не ги постигнувам од метар-два, туку од далеку, од слободен удар, изведувам тешки работи“, се пофали Турчинот.

Се вчитува...