Фудбалерот на Интер, Маркус Турам ќе треба да направи кратка пауза, откако беше откриено дека има повреда на бутниот мускул. Турам го напушти теренот на полувремето на мечот против Атлетико Мадрид во 1/8 финалето.
Клубот од Милано потврди дека прегледите покажал дека играчот има повреда на адукторот на десниот бутен мускул. Неговата состојба ќе се следи, а повеќе детали се очекуваат во следните неколку дена.
Од Интер очекуваат Турам да биде подготвен за реваншот во Мадрид, на кој Интер патува со предност од 1-0, благодарение на голот на Арнаутовиќ, кој влезе на полувремето токму на местото на Маркус Турам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА