Руни: На 14 години тренерот ме најде со цигари, пиев многу алкохол

Англискиот легендарен напаѓач, Вејн Руни призна дека уште како тинејџер бил зависник од алкохол. Англискиот напаѓач е дете на Евертон, а своето деби за овој тим го имаше уште на 16-годишна возраст, кога, како што призна, почнал да пие алкохол.

Две години порано, призна дека почнал да пуши цигари, и дека му било многу тешко со животот во Ливерпул.

„Во Ливерпул каде што пораснав, беше тешко за живеење, но сакав да растам таму, и тоа ме научи на многу работи. Се сеќавам дека кога имав 14 години тренерот ме најде со кутија на цигари, а во саботата играв натпревар за тимот до 19 години. Како тинејџери со другарите наоѓавме напуштени куќи, ги кршевме прозорците влегувавме внатре и пиевме алкохол. Гледајќи наназад имав многу проблеми и пиев премногу, што се одразуваше на моето играње. Ако не го правев тоа можеби ќе играв на повисоко ниво, но тоа е само ретроперспектива“, рече Руни за време на подкаст на Невил, Рој Кин и Џејми Карагер и Џил Скот.

Се вчитува...