Во летото 2017 година полскиот голман Војчех Шчесни се пресели во Јувентус. Од тогаш е стандарден на голот на „бјанконерите“, но со оглед дека во април ќе наполни 24 години, Јувентус веќе почна да му бара замена. Шчесни би можел да замине уште ова лето од Јувентус, кој подготвува голема реконструкцијата на екипата, со цел да се врати на старите шампионски патеки.
Изборот за нов голман паднал на Микеле ди Грегорио, кој во моментов го чува голот на Монца. Тој ги мина сите младински категории на Интер, и има 11 чисти мрежи во 22 меча во Серија „А“, а прими 17 голови.
Тој како тинејџер беше во Интер, а во Монца отиде во 2020 година како позајмен, а во 2022 година овој тим го откупи за 4 милиони евра.
26-годишниот голман треба да го замени легендарниот полски репрезентативец, кој би можел ова или идното лето да го напушти Торино. Исто така има и конкуренција за неговиот потпис, односно за него се интересираат Наполи, Рома и Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

