Холандскиот лев бек Јан Матсен, кој во моментов настапува во Борусија Дортмунд како позајмен од Челси, би можел да остане во Дортмунд и по завршувањето на позајмицата.
Според информациите од Германија, „милионерите“ се задоволни од учиникот на Матсен во дресот на Борусија, и затоа наскоро ќе почнат преговори за негов откуп на договорот. Не е јасно дали во договорот постои клаузула. Борусија ќе се обиде со 22-25 милиони евра да го ангажира перманентно.
Матсен ги мина младинските категории на Феенорт, Спарта Ротердам и ПСВ, а во 2019 година се пресели кај „сините“ од Лондон. Но, беше испраќан на повеќе позајмици, а оваа зима дојде во таборот на „милионерите“ и одигра досега шест меча во кој забележа една асистенција. Од Борусија сметаат дека 21-годишниот лев бек би бил решение за оваа позиција во следните години.
Освен Матсен, Борусија на таа позиција го има Реми Бензебаини, кој на почетокот на сезоната пристигна од Борусија Менхенгладбах, но после Африканскиот куп на нации падна во сенка на Матсен кој сега игра во првите 11.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА