Полска декласирана пред дуелот со Македонија

Квалификациите за Евробаскет 2025 во нашата група почнаа со вечерашниот дуел меѓу Литванија и Полска што домашната селекција го доби со убедливи 83-64. За потсетување, Полска како еден од домаќините има обезбедено учество на ЕП, но Полјаците барем во овој февруарски прозорец и дуелите со Литванија и со Македонија ги повикаа своите најдобри кошаркари како загревање за предолимписките квалификации.

Тоа не им беше од помош на денешното гостување во Литванија, каде неочекувано лесно и убедливо загубија со дури 19 поени разлика. Полјаците беа подобар ривал во првата четвртина што ја добија со 16-19, Литванија возврати во вториот период со 19-11, за преостанатите 20 минути да минат во целосна доминација на домашниот состав и заслужена убедлива победа.

Олисевичиус со 20 поени ја предводеше Литванија во овој убедлив триумф, 13 поени постигна Гидреитис, додека најефикасни во полскиот табор беа Соколовски со 26 поени и Понитка со 13 поени, седум скока и шест асистенции.

Полска во второто коло од овој квалификациски циклус ќе ја пречека Македонија во градот Сосновиец.

Се вчитува...