ЛЕ: Фрајбург се спаси во регуларниот дел па по продолженија го елиминираше Ленс, Карабах низ трилер до осминафинале

Фрајбург го елиминираше Ленс по продолженијата и обезбеди место во осминафиналето од Лигата на Европа.

Со голот на Грегорич во 99. минута Фрајбург дојде до посакуваната победа од 3-2. Интересно, претходно низ регуларниот дел од мечот Ленс имаше водство и од 0-2 по првото полувреме, но Фрајбург успеа да дојде до израмнување со головите на Салаи во 67. и во 92. минута. Потоа во продолженијата и го елиминираше Ленс.

Карабах со голот на Акунзаде во 122. минута успеа да дојде до 2-3 по продолженијата на мечот со Брага што исто така го носи во осминафиналето од Лигата на Европа, откако на првиот меч во Португалација, пак, Азербејџанците славеа со 2-4.

Ајакс со голот на Тејлор во 114. минута од продолженијата дојде до победа од 1-2 на гостувањето против Бодо Глимт и пласман во осминафиналето на Конференциската лига на УЕФА.

Во регуларниот дел дуелот заврши без победник (1-1), како што заврши без победник (2-2) и првиот меч во Амстердам.

Се вчитува...