Барселона со убедливи 40-33 триумфираше против Порто во 12. коло од Лигата на шампионите.
Каталонците во ниту еден момент не ја доведоа победата во прашање, рутински одработувајќи ја својата задача со извонреден напад низ текот на сите 60 минути.
Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски мечот го заврши со шест одбрани од 32 шута, или околу 20% на успешни одбрани. Најефикасен во нападот кај Порто, пак, беше Микелсен со пет гола. Кај Барселона најдобри во нападот беа Ричардсон и Гомез Абело со по седум постигнати погодоци.
ПСЖ, пак, во Групата А, во која е и Е. Пелистер, без никакви проблеми со 35-26 славеше против Кијелце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА