Голден стејт го победи ЛА Лејкерс со 128-110 предводени од Стеф Кари кој мечот го заврши со 32 поени, од кои постигна шест тројки од 13 биди.
Кари дополни и со осум асистенции, па со 6.000 асистенции стана осми играч во историјата на НБА со најмалку 23.000 поени и 6.000 асистенции, приклучувајќи се на Леброн Џејмс, Расел Вестбрук, Коби Брајант, Џејмс Харден, Оскар Робинсон, Џери Вест и Џон Хавличек.
Кај Лејкерс, во отсуство на Леброн Џејмс, се издвои Ентони Дејвис со 27 поени и 15 скока, Расел дополни со 18 поени и девет асистенции.
Кошаркарите на Далас го победија Феникс со 123-113 и забележаа седми едноподруго триумф. Дончиќ ја предводеше екипата до победата со 41 поен, 11 асистенции, девет скка и три украдени топки. Кајри Ирвинг постигна 29 поени.
Кај Феникс, Девин Букер запиша 35 поени со осум асистенции, а Кевин Дурант постигна 23 поени.
Со оваа победа Далас се израмни со Феникс на табелата во Западната конференција. Двата тима сега имаат по 33 победи и 23 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

