Ждрепка за ЛК: Ристовски и Динамо во „пеколот“ во Солун, Ајакс и Астон Вила во меѓусебна пресметка

Динамо Загреб откако го елиминираше Бетис, во 1/8 финалето на Лигата на Конференции ќе игра против солунски ПАОК. Првиот меч Динамо ќе го игра на домашен терен, додека на реваншот гостува во „пеколниот“ Солун.

Најинтересна двојка од денешната ждрепка е дуелот помеѓу Ајакс и Астон Вила. Тоа ќе биде дуел на два тима кои се фаворити за освојување на ова натпреварување.

Еден од фаворитите е и тимот на Фиорентина, кој патува на мегдан со Макаби Хаифа. Лил оди на дуел со Штурм Грац, додека Олимпијакос за противник го доби Макаби Тел Авив.

Се вчитува...