Судот за спортска арбитража во Лозана (ЦАС), ја одби жалбата на Русија за суспензија од Меѓународниот олимписки комитет (MOK). Одлуката за суспензија на Русија и на спортистите на оваа земја, МОК ја донесе во октомври минатата година, затоа што рускиот олимписки комитет ги призна олимписките комитети за регионите од Украина кои ги окупираше – Луганск, Донецк, Херсон и Запорожје.
МОК тогаш рече дека тој потег претставува кршење на олимписката повелба, зтоа што го наруши територијалниот интегритет на украинскиот Национален олимписки комитет.
Русија покрена воена инвазија врз Украина во февруари 2022 година, која ја нарекува „специјална операција“, ја осуди мерката на ЦАС како политички мотивирана.
Во својата жалба Русија бараше да се укине забраната затоа што се признаваат сите членови кои статусот ги подразбира.
На руските и на белоруските спортисти им беше забрането да се натпреваруваат на меѓународно ниво. Меѓутоа МОК минатата година издаде сет препораки за меѓународните управувачки тела за да им се овозможи на Русите и Белорусијте да се натпреваруваат како поединечни спортисти без симболи како знаме, лого и химна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА