Македонската кошаркарска федерација се приклучува во акцијата за собирање на средства потребни за лекување на Леонид Индов.
Комплетниот приход од продадените билети од натпреварот Македонија-Естонија, кој се игра вечерва во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе биде насочен како донација за понатамошно лекување на 18 годишниот Леонид, со надеж за негово што поскоро закрепнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

