Естонскиот селектор Јука Тојала имаше причина за задоволство откако неговите избраници славеа во Скопје и со вечерашниот триумф направија значаен чекор напред кон пласман на Евробаскет 2025.
За разлика од пред четири години, Естонците овојпат многу потешко стигнаа до победата, но за нивниот селектор најважно е што се стигна до огромни бодови на гостински тренер.
„Честитки до моите играчи, што останавме смирени и кога не ни одеше. Не е лесно да се игра овде, беше тешко во првото полувреме, не знаевме како да го запреме Димитријевиќ. На паузата направивме одредени корекции, задоволен сум од она што го покажавме во второто полувреме, победивме и што ги почнавме овие квалификации со голема победа. Во однос на мечот од пред четири години, сега Димтиријевиќ е четири години постар, подобар и важи за еден од најдобрите плејмејкери во ВТБ-лигата. Исто така, го имате Хап како добро натурализирано засилување. Среќен сум што историјата се повтори во Скопје“, изјави Тојала.
„ Среќен сум за победата, ја остваривме најважната работа. Бевме и минус десет, но останавме смирени, го свртевме резултатот и победивме. Во второто полувреме имавме далеку подобра контрола на топката, доминиравме во скокот и стигнавме до пбоедата. Ове беше грда победа, но најважно е што ги освоивме бодовите“, додаде капитенот Сандер Вене, кој беше најефикасен со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА