Швијонтек шокирана во Дубаи

Најдобрата светска тенисерка Ига Швијонтек не успеа да се пласира во финалето на ВТА 1000 турнирот во Дубаи откако го загуби денешното полуфинале од Ана КАлинската со 0-2 во сетови.

Калинскаја беше избрана за „откровение на 2023 година во женскиот тенис“, а Русинката го оправда овој епитет со ново извонредно издание и прва победа во кариерата против Швијонтек. Полската тенисерка имаше седум победи во серија во пресрет на денешното полуфинале, но не најде одговор за Калинскаја и по 102 минути игра го загуби мечот.

Швијонтек може да жали за големиот пад кон крајот на првиот сет, кога по предноста од 4-2 во гејмови следеше фантастична серија од шест гејма во низа на Калинскаја, која го доби првиот сет со 4-6, потоа поведе со 0-2 и ја задржа предноста до самиот крај.

Таа во финалето ќе се сретне со Италијанката Јасмин Паолини, која неочекувано славеше над Кирстеа со 2-0 во сетови (6-2, 7-6).

Се вчитува...