„Жолтата подморница“ го торпедираше Сан Себастијан

Реал Сосиедад се повеќе го губи чекорот зад водечките екипи во Ла Лига откако „сино-белите“ од Сан Себастијан вечерва загубија со 1-3 на домашен терен од Вилјареал. „Жолтата подморница“ има далеку послаби резултати во однос на претходните сезони, но со победите на гостувањата против Барса и Реал Сосиедад фудбалерите на Вилјареал јасно ставаат до знаење дека кризата од првиот дел од сезонава е целосно надмината.

Комесана беше човекот на одлука на овој натпревар откако гостинскиот фудбалер најпрвин погоди во 17. минута за 0-1, а потоа на самиот старт од второто полувреме стрелаше прецизно и за 0-2.

Реал Сосиедад успеа да ја преполови негативата со голот на Мерино во 86. минута, а кога домаќините тргнаа во тотална офанзива во обид да стигнат до израмнување Сорлот ја запечати победата на Вилјареал со гол во петтата минута од судиското продолжение.

Се вчитува...