Никола Јокиќ дојде до уште еден трипл-дабл за помалку од 24 часа. После истироската партија против Вашингтон, единствениот тим против кој немаше трипл-дабл, сега си поигруваше и со Портланд. На крајот неговиот тим оствари пбеда од 127-112, а Јокиќ уфрли 29 поени, со 15 скока и 14 асистенции.
Србинот имаше 12/17 од игра, од тоа 1/3 за три поени, додека две украдени топки и блокади, а загуби само две топки. Сепак, најефикасен во неговиот тим беше Портер кој постигна 34 поени.
За Јокиќ ова беше 138. трипл-дабл во сезоната, со што се израмни со Леброн на 4. позиција на вечната листа.
После три порази пред Ол-старот, Денвер сега врза втора победа, што покажува дека паузата била добродојдена.
Немили сцени имаше на мечот меѓу Мајами и Њу Орлеанс Пеликанс, кој е завршен со 106-95 во корист на Мајами. Инцидентот почна на почетокот на четвртата четвртина после фаул на Лав над Вилијамсон, кој заврши на под. Следуваше кошкање мешу Маршал и Батлер, а ситуацијата ескалираше кога Батлер реагираше насилно откако Маршал ги спушти рацете на него, што резултираше со голема гужва на теренот.
Look at Jovic man 🥹 pic.twitter.com/u1rFSLAGuF
— Mihailo (@SerbianMamba_) February 24, 2024
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Торонто 121-123
Филаделфија – Кливленд 104-97
Хјустон – Феникс 114-110
Мемфис – ЛА Клиперс 95-101
Њу Орлеанс – Мајами 95-106
Оклахома – Вашингхтон 147-106
Голден Стејт – Шарлот 97-84
Минесота – Милвоки 107-112
Портланд – Денвер 112-127
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 123-118
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

