Новиот менаџер на Кристал Палас: Не сум Дејвид Коперфилд

Новиот менаџер на Кристал Палас, Оливер Гласнер вели дека не е волшебник и дека не може веднаш да се очекува од него и неговиот тим да направи чуда во скоро време.

Гласнер, сепак, смета дека Палас заслужува да биде погоре на табелата од сегашното 15. место. Австриецот дојде на местото на Рој Хоџсон, кој од здравствени причини се повлече од функцијата во понеделникот.

„Не сум магионичар, не сум Дејвид Коперфилд. Ова е ново искуство за мене и за сите во клубот. Прво треба да се запознаеме. Важно е што сакаме да направиме фудбалски, како можеме да се подобриме и да ја завршиме сезоната со што поголем број поени и погоре на табелата. Спортскиот директор ми даде голема доверба да ја постигнеме нашата визија“, изјави Гласнер.

Гласнер ќе дебитира на клупата на Палас на мечот со Барнли кој е на програмата денеска.

Се вчитува...