Тен Хаг: Ентони има голем потенцијал, ќе ја докаже својата вредност

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг го фали својот играч Ентони, и верува дека наскоро ќе ја покаже својата вредност.

Некогашниот фудбалер на Ајакс, во Јунајтед дојде за сума од речиси 90 милиони евра, меѓутоа засега не го покажува потенцијалот кој го има, меѓутоа менаџерот смета дека ќе ги оправда вложените пари. Тој сезоната во Премиерлигата од 19 настапи, нема ниту гол ниту асистенција.

„Треба да ја покаже својата вредност, и ќе го направи тоа. Има многу потенцијал, и знам каде лежи неговиот талент. Треба да го покаже својот талент, и јас сум убеден дека ќе ја докаже својата вредност. Но, треба да е има во предвид дека тука во Манчестер има голема конкуренција“, смета Тен Хаг.

Се вчитува...