Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги повика своите играчи брзо да се разбудат и да ги кренат главите после поразот од Монца, и да ја победат Аталанта.
Двата тима се соочуваат во недела на „Џузепе Меаца“, а Милан во последната недела игра лошо, со оглед дека претрпе два порази: од Монца и од Рен во Лигата на Европа, но во Европа тој пораз не влијаеше на пласманот во следната фаза.
„Утре е многу важен меч за нашиот пласман, затоа што сакаме да се вратиме на победите во првенството. Важно е да победиме, затоа што екипите кои се веднаш зад нас собираат бодови“, изјави Пиоли, кој коментираше за лошата игра во одбраната во последно време.
„Прашаењето е дали одбранбените линии се поблиски или подалеку една од друга. Исто така со каков интензитет правиме притисок. Што друго да правам? Ако го исклучам поразот од Монца, на претходните девет натпревари не дозволувавме повеќе од три шута на противникот. Имам се што е потребно да направиме избалансиран тим кој ќе победува“, изјави Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

