Ставен крај на добрата серија на Манчестер Јунајтед, Фулам оствари триумф на „Олд Трафорд“. Супер интересен беше натпреварот во Манчестер, со многу шанси на двете страни, отворен фудбал, многу трчање, и кога се чинеше дека Јунајтед ќе се спаси од пораз, сепак, во 97. минута Фулам стигна до трите бода.
Фулам преку Баси во 65. минута дојде до предност. Шанси имаше и Јунајтед да дојде до предност, но не ги искористи.
Јунајтед бараше израмнување, а Фулам, пак, можеше да дојде и до 0-2. Мегваер се најде во нападот во таа 89. минута за да погоди по одбиената топка од Лено, и да избегне офсајд. Јунајтед тргна до победа, имаше шанси и удари, меѓутоа Лено беше на висината на задачата.
И кога се чинеше дека ќе се заврши со реми, Ивоби после една контра успеа да го совлада Онана и да го „шокира“ Олд Трафорд.
Екипата на Кристал Палас го доби мечот со Барнли 3-0, на дебито на Оливер Гласнер како тренер на тимот. Брајтон на домашен терен со играч помалку извади бод во дуелот со Евертон 1-1, додека Астон Вила со 4-2 беше подобар од Нотингем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА