Барселона без мака го реши Гетафе (ВИДЕО)

Барселона на свој терен лесно го совлада тимот на Гетафе со 4-0, и дојде до 17 победа во 26 натпревар сезоната, доближувајќи му се на Реал Мадрид на пет бодови, но има и меч повеќе од „кралевите“.

Попладнево на „Монжуик“, публиката беше на нозе во 20. минута кога Рафиња донесе предност за „Каталонците“.

Во вториот дел во 53. минута Жоао Феликс зголеми на 2-0, додека во 61. минута Де Јонг зголеми на 3-0. Фермин Лопез пред последниот свиреж само ја потврди победата на домашната екипа.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...