Легендарниот Канаваро ќе го менува Клинсман во Јужна Кореја

Некогашниот светски првак Фабио Канаваро, добил понуда да ја води селекцијата на Јужна Кореја, и да го презеде кормилото од Јирген Клинсман кој доби отказ по неуспехот во Азиското првенство.

Иако важеа за фаворити, сепак, Корејците беа елиминирани во полуфиналето од Јордан, и затоа Клинсман доби отказ од клупата.

Канаваро три години беше селектор на Кина, а паузираше исто три години. Се врати на тренерската работа како предводник на Беневенто, но таму остана само 17 меча, по што го напушти кормилото во февруари минатата година.

Се вчитува...