Фарски Острови ги продаде билетите за Македонија за 90 секунди!

Фарски Острови е противникот на Македонија во баражот за Светското првенство. Селекцијата која беше хит на последното ЕП во Германија, се подготвува за овој важен меч, во кој сака да се пласира на Мундијал, после пласманот на ЕП.

Фарските Острови на 8. мај ќе ја пречекаат Македонија, а билетите успеа да ги распродаде за само 90. секунди. Во салата во Торшавн каде што ќе се игра мечот ќе има 1000 гледачи. Таа е со капацитет од 1700 места, а останатите билети ќе одат за ВИП гости и пријатели на ракометната репрезентација.

Реваншот со Фарски Острови се игра во салата „Борис Трајковски“ на 12 мај, а по двомечот победникот обезбедува учество на СП идната година.

Се вчитува...