Покетино: Немојте да ми судите по бројот на трофеи

Тренерот на Челси, Маурисио Покетино побара од навивачите да не му судат според бројот на освоени трофеи, воочи финалето на Лига Купот против Ливерпул во кој неговата екипа ќе се обиде да го освои првиот домашен трофеј после шест години.

Лондонскиот клуб последниот трофеј го освои во 2018 година, кога триумфираше во ФА Купот, но во меѓувреме освои четири пехари на меѓународно ниво.

„Мислам дека не е начин да се оценуваат тренерите според бројот на трофеи. Се работи за конкурентност и победи, но премногу се фактори кои се одлучувачки. мислам дека победа во недела нема да ја зголеми мојата популарност, или начинот на кој навивачите ќе не гледаат“, изјави Покетино.

Аргентинецот и натаму нема ниту еден пехар во Англија. Со Тотенхем играше финале во Лига Купот, и финале во Лигата на шампионите. Единствени трофеи како тренер му се со ПСЖ кога ја освои Лига 1 и Купот на Франција.

Се вчитува...