Галатасарај упати жестока порака за сомнителен пенал на Фенербахче, па следуваше реакција

Трката за шампионската титула помеѓу Фенербахче и Галатасарај во Турција продолжува. Денеска Фенербахче со гол по досуден пенал дојде до пресврт и до победа над Касимпаша.

Меѓутоа од нивниот лут ривал Галатасарај сметаат дека пеналот е во крајна мера сомнителен, па реагираа на социјалните мрежи со несекојдневна објава.

„Нема рака во оваа ситуација, но вие имате валкани раце! Тие се бесрамни!“, стои во објавата на Галата.

Следуваше и реакција од Фенербахче, а изјава за официјалниот клупски канал даде членот на Управниот одбор, Селахатин Баки.

„Секоја чест. Со својата објава во една реченица се објаснија себе си и својата историја. Дури и ние не би можеле подобро да ја објасниме“, изјави Баки.

 

Се вчитува...