Јунајтед загуби, а Сер Алекс се радуваше (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед го претрпе десеттиот пораз во Премиерлигата оваа сезона, откако загуби на домашен терен од Фулам со 1-2. Сепак, не беа сите тажни поради поразот на „црвените-ѓаволи“.

Пред се, легендарниот менаџер Алекс Фергусон, кој вчера беше далеку од „Олд Трафорд“. Познато е дека големиот тренер е голем љубител на трките со коњи, а поседува и неколку навистина успешни.

Тој вчера се тркаше во Саудиска Арабија каде што неговото младенче „Спирит денсер“ оствари голема победа во Нео Турф Купот. Седумгодишното младенче ја освои првата награда и се верува дека досега на Фергусон му донело повеќе од 1,7 милиони фунти.

Фергусон е снимен како ја прославува големата победа со своите соработници.

Се вчитува...