Арсенал и Јунајтед во трка за талентот на Јуве

Кенан Јилдиз оваа сезона привлече големо внимание во дресот на Јувентус. Младиот турски фудбалер е желба на големите клубови, а торинскиот клуб нема така лесно да се откаже од него.

Имено, први во низата за Јилдиз моментално се Арсенал и Манчестер Јунајтед, но Јувентус не брза да го продаде младиот играч. Двата клуба од Англија сакаат да доведат уште еден напаѓач за следната сезона, особено Арсенал. Арсенал го сакаше и Душан Влаховиќ од Јувентус, но на крајот се откажа (барем засега) поради големото обештетување кое го бараше „старата дама“. Арсенал наводно веќе подготвил 34 милиони фунти, но Јувентус ќе ја одбие оваа понуда.

Торинскиот клуб ќе бара над 50 милиони фунти за турскиот напаѓач. Кенан Јилдиз сезонава одигра 17 натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола.

Се вчитува...