Во третата деценија на 2.1 век, ретко гледаме хокеарски борби кои потсетуваат на седумдесеттите и осумдесеттите, но натпреварот меѓу Њујорк Ренџерс и Филаделфија Флаерс донесе тепачка во „ретро манир“.
Ренџерс славеа како гости во со 2-1, а во центарот на вниманието беше ситуација на крајот од првиот период. Младиот Мет Рампи (21) се соочи со искусниот Николас Делорие (33), двајцата „тешкаши“ започнаа борба која траеше дури 37 секунди и при што си разменијае десетици удари.
Делорие заработи расекотина на лицето, па на крајот го собори својот помлад ривал на подот, по што судиите одлучија дека е време повторно да се игра хокеј.
IS THIS THE FIGHT OF THE YEAR?! 🍿😳 @BR_OpenIce
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 24, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА