Легендарниот НБА кошаркар Кевин Гарнет го коментираше „Ол-стар“ натпреварот за кој имаше премногу критики.
Според него, изгубен е шармот на овој натпревар, што наиде на критики од различни луѓе кои порачаа дека играчите не се труделе доволно.
Тоа му пречеше и на Кевин Гарнет, кој се присети на времето кога беше тој играше на „Ол-стар“ мечевите.
„Човеку, сра*е е она што го видовме на овој Ол-стар натпревар… некакви прашања да поставам? Никогаш нема да заборавам кога Мајкл Џордан му кажа на целиот тим од Источната конференција на Ол-старот во Чикаго да игра сериозно или да седне на клупата“, изјави Гарнет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

