Фудбалерите на Реал Бетис со победа ги излечија раните од елиминацијата од Динамо Загреб во Конференциската лига откако вечерва славеа на домашен терен против Атлетик Билбао со 3-1 како дел од 26. коло во Ла лига.
Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со погодокот на Авила во 13. минута. Во 38. минута веќе беше и 2-0 откако автогол постигна Берчиче. Гостите намалија на 2-1 во судиското продолжение од првиот дел преку Гурузета. Конечните 3-1 беа дело на Џони во 67. минута.
Betis [3]-1 Athletic Bilbao – Johnny 67'
byu/Meladroitdimage insoccer
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

