Кошаркарите на Шпанија не се опоравија од поразот во дуелот со Летонија на свој паркет, па доживеаја нов пораз, овој пат од Белгија со 58-53 во вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година.
Најдобар поединец во таборот на Белгија беше Ретин Обасахон со 19 поени, додека кај Шпанија Џоел Пара и Дарио Бризуела постигнаа по 10, додека повратникот Рики Рубио постигна четири поени.
Квалификациите продолжуваат во ноември, Шпанија во двомеч ќе се соочи со Словачка, додека Белгија ќе игра со Летонија. Како еден од домаќините на ЕП, Летонија е сигурен учесник, а за преостанатите две места ќе се борат Шпанија, Белгија и Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

