Клоп пукаше од гордост: А ми велеа дека трофеи не се освојуваат со деца на терен

Јирген Клоп пукаше од гордост по завршувањето на финалето на лига-купот против Челси и триумфот на Ливерпул од 1-0. „Црвените“ повторно славеа во куп-финале над ривалот од Лондон, но овој трофеј е посебен поради фактот дека Ливерпул го заврши мечот со четири „деца“ од младинската школа, од кои дел само неколку дена претходно против Лутон дебитираа за првиот тим.

Тоа не им пречеше да одиграат храбро, да создадат неколку одлични шанси, за на крајот со голот на Вирџил ван Дајк во 117. минута да стигнат до победата.

„Чувството е фантастично, навистина неверојатно. Ретко можам да кажам дека сум горд буквално на се, ова е еден од тие моменти. Горд на мојот стручен штаб, горд на овие играчи кои го оставија срцето на терен и победија голем ривал, горд на академијата која ни дава вакви таленти, горд на навивачите за нивната поддршка… Најлудо од се е, што заслуживме да победиме. Имавме моменти кога бевме среќни, такви моменти имаа и тие, но карактерот што го покажавме, тоа е она што навистина ме воодушеви. Слободно можам да кажам дека овој пехар ми е еден од најспецијалните во овие 20 години тренерска кариера. Кога дојдов во Англија сите ми велеа дека трофеи не се освојуваат со деца на терен. А јас им го докажав спротивното. Ова финале е еден од оние мечеви што ќе ги паметам додека сум жив“, изјави Јирген Клоп.

Се вчитува...