Денвер Нагетс ја продолжија победничката низа во НБА лигата откако изминатата вечер славеа на гостувањето кај Голден Стејт со 103-119 во натпревар во кој нов трипл-дабл учинок забележа српскиот интернационалец Никола Јокиќ.
Центарот натпреварот го заврши со неверојатни 32 поени, 16 поени и 16 скокови.
Изминатата вечер блесна и Јусуф Нуркиќ забележувајќи дабл-дабл од 18 поени и 22 скокови на кој додаде и 7 асистенции во триумфот на неговиот Феникс над Лос Анџелес Клиперс со 123-113.
Одлична индивидуална вечер е и зад Лука Дончиќ чии 33 поени, 6 скокови и 6 асистенции овој пат не беа доволни Далас да избегне пораз од 133-111 на гостувањето кај Индијана.
Во останатите натпревари: Филделфија – Милвоки 98-119, Вашингтон – Кливленд 105-114, Атланта – Орландо 109-92, Хјустон – Оклахома 110-123, Њу Орлеанс – Чикаго 106-114, Јута – Сан Антонио 128-109, Портланд – Шарлот 80-93, ЛА Клиперс – Сакраменто 107-123
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

