Реал Мадрид се врати на победите во домашниот шампионат откако во неизвесен и крајно интересен натпревар славеше со 1-0 против Севилја во 26. коло благодаение на фантастичниот гол на Лука Модриќ.
Хрватот кој доби шанса во 75. минута само шест минути подоцна на маестрален начин искреира простор непосредно пред шестнаесетникот и со неодбранлив удар ја затресе мрежата на противникот.
„Такви удари вежбам секојдневно на нашиот тренинг камп. Треба да шутираш на гол, денеска јас го направив тоа и фала Богу топката влезе.
Севилја ни ја отежна задачата, но на крајот победивме и тоа е важно. Победата остварена на ваков начин може е послатка. Задоволен сум што помогнав со гол. Сега потребно е да продолжиме вака“, изјави Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА