Македонската репрезентативка во традиционално карате, Камелија Недев беше најуспешна натпреварувачка на ИТКФ/ЈКА Европскиот куп кој се одржа изминатиов викенд во Крушевац, Србија, а на кој Македонија се закити со вкупно 21 медал од кои осум златни, три сребрени и десет бронзени.
Камелија освои вкупно 7 медали од кои 6 златни и еден сребрен медал во поединечна и екипна конкуренција во јуниорска, кадетска и детска категорија.
„Камелија Недева има неполни 12 години и тренира карате од својата 5 година, под будното око на нејзиниот тренер и татко Дејан Недев. Таа е голема надеж на македонското традиционално карате која во иднина треба да освојува уште поголеми резултати и во повозрасните категории. Веќе неколку години е државен првак на Македонија во сите натпреварувачки дисциплини, а оваа година со Македонската репрезентација ја очекуваат повеќе врвни натпреварувања како што се ЕТКФ европскиот шампионат во Скопје, ИТКФ светскиот куп во Полска како и ИТКФ светскиот шампионат во Лима, Перу во ноември месец“ – информираат од Македонската федерација за традиционално карате.
Покрај Камелија Недев, злато освоија и Матеј Мангаровски во енбу, како и ката-тимот и џиу ипон кумите тим во состав Софија Јарчевска, Срна Вапски, Камелија Недева и Ива Спасеновска.
Во јуниорска конкуренција и Ива Ромевска и Матеј Мангаровски освоија сребрен медал во ката тим. Филип Недев освои прво место во кати за деца, Лука Крстевски, Дамјан Трајковски и Александар Зафировски освоија прво место во џиу ипон кумите тим за деца. Ката тимот Филип Недев, Ѓорѓи Кокорманов и Војдан Паламидовски освои второ место а трети во ката тим освоија Максим Поп Трпев, Димитар Дангов и Марко Илиевски. Ива Ромевска во јуниорска конкуренција освои второ место во кого кумите. Најмладиот напреварувач Тадеј Недев освои две трети места во ката и кихон за деца 5-6 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

