Новак Ѓоковиќ допатува во САД за настап на мастерс-турнирот во Индијан Велс, но без оглед на резултатите на Србинот на овој турнир тој ќе продолжи да доминира на АТП-листата, притоа ќе урне и уште еден рекорд на Роџер Федерер.
Новак останува прворангиран светски тенисер, но сеега и со предност од 1.050 бода во однос на Карлос Алкараз, кој имаше слаб настап на турнирите во Јужна Америка, згора на тоа и заработи незгодна повреда. Со ваквиот развој на настаните, Ѓоковиќ сигурно останува на чело на АТП-листата најмалку 419 седмици, поточно до 8 април.
Тоа значи дека српскиот ас на 1 април ќе стане највозрасен тенисер што се нашол на врвот на светското рангирање, уривајќи го досегашниот рекорд на Федерер.
Ѓоковиќмоментно е лидер со 9.855 бодови, пред Алкараз со 8.805 и Јаник Синер на треетото место со 8.270 бода на своето салдо. Зад освојувачот на Австралија Опен се наоѓаат Медведев, Рубљов, Зверев, Руне, Хуркач и Де Минор…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

