Јувентус во драматична завршница славеше против Фросиноне, но „старата дама“ се соочи со сериозни проблеми поради повредите на Адриан Рабио и на Винстон Мекени, кои мораше да бидат заменети на вчерашниот дуел.
Деталните прегледи покажаа дека Рабио има проблем со палецот на ногата, додека Мекени има изместување на рамото, па на двајцата стандардни првотимци им е препорачано мирување од најмалку две седмици. Ова е сериозен проблем ако се знае дека Јуве во следното коло го очекува тешко гостување против Наполи.
Средниот ред на Јуве е ослабен од стартот на сезонава поради долгите суспензии за Погба и Фаџоли, а зимава и покрај бројните шпекулации беше доведен само Алкараз од Саутемптон.
„Старата дама“ моментно е второпласирана на табелата, со четири бода предност пред третопласираниот Милан, со девет бода негатива и меч повеќе во однос на лидерот Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА