Еден од најдобрите дефанзивци во НБА: Јокиќ ми приреди пекол, немав одговор за него

Српскиот центар Никола Јокиќ влезе во фантастична форма по Ол-стар викендот на НБА лигата. Центарот на Денвер на три последователни натпревари забележа трипл-дабл учиноци од кои 32 поени, 16 скокови и 16 асистенции на последната средба против Голден Стејт Вориорс.

За противник на теренот Србинот го имаше еден од најдобрите одбранбени играчи на денешницата – Дрејмонд Грин, но и американскиот кошаркар со богато искуство не можеше да најде решение за одличниот центар. Тоа го призна и сам по крајот на средбата.

„Денвер е неверојатен тим, а Јокиќ ми приреди вистински пекол. Имав добар број на солидни натпревари против „Џокерот“, и јас му отежнував некогаш, но сега ми приреди вистински и комплетен пекол. Апсолутно немав одговор за него. Можам само да се смеам поради тоа. Другата опција е да плачам. Беше фантастичен. Игра во неверојатна форма. Требаше да видите како трча на теренот. Неколку пати морав да дадам се од себе за да го стигнам, а тој воопшто не се умори. Голем поздрав до „Џокерот“, имам голема почит кон него“, изјави Грин.

Се вчитува...