Естонците ја победија и Литванија

Македонија забележа голема победа на гостувањето во Полска, но вториот резултат од нашата група не ни оди во полза откако Естонија славеше во балтичката пресметка со селекцијата на Литванија со резултат 65-59. Естонците барем на хартија се наш ривал во битката за местото кое води на Евробаскет (две од трите најдобри селекции во нашата група освен Полска, која како домаќин има обезбедено билет за Евробаскет 2025), но оваа селекција е најпријатно изненадување на стартот од квалификациите, со две победи во стартните две рунди.

Денешниот дуел во Рига беше максимално израмнет, двeте селекции одиграа „егал“ до самиот крај, по што Естонците во самата завршница стигнаа до победата. Улановас погоди едно од двете слободни фрлања намалувајќи само на 61-59, по што Естонија ги искористи последните два напада, ја доби четвртата четвртина со 15-9 и стигна до втората победа во овој квалификациски циклус.

Јоесар со 18 поени беше лидер на Естонците, Вене постигна 13, а Котсар 11 поени за победничката селекција. Кај Литванците најефикасни во вечерашниот пораз беа Улановас со 16 и Димса со 14 поени.

Квалификациите за Евробаскет 2025 продолжуваат во ноември 2025 година, кога нашите репрезентативци ги очекува двомеч со селекцијата на Литванија. Ако се знае дека со овој ривал сме на делба на второто место во групата со идентичен скор 1-1, овој двомеч може да се покаже и клучен за нашиот пласман на Евробаскет 2025.

Се вчитува...