Македонската кошаркарска репрезентација ја прослави првата победа во квалификациите за Евробаскетот 2025. Избраниците на Александар Јончевски предводени од одличното дуо Димитријевиќ – Хап блесна на теренот во нападот, но целиот состав одигра фантастично и во одбраната каде „црвено-жолтите“ не дозволија лесни поени, го контролираа и скокот и сосема заслужено славеа со 71-96.
Пофалба за пожртвуваноста и борбата за секоја топка и сплотеноста добија и од страна на ракометната федерација која на социјалните мрежи испрати честитки.
„Ракометна Федерација на Македонија упатува искрени честитки на нашите најдобри кошаркари, за денешната победа против селекцијата на Полска во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2025.
Браво момци за покажаната истрајност, сплотеност и одличната игра 👏🏻👏🏻👍🏻👍🏻
Со ❤️ за 🇲🇰🇲🇰🇲🇰!!!“, стои во објавата на РФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА