Започната е истрага против Кристијано Роналдо

Натпреварот помеѓу Ал Шабаб и Ал Наср во 21. коло од фудбалското првенство на Саудиска Арабија за жал го одбележа срамна сцена по самиот крај откако Кристијано Роналдо не остана смирен на провокациите од трибините каде домашните навивачи скандираа „Лионел Меси“.

Португалецот се сврте кон трибините, прво фаќајќи се за уши, гестикулирајќи дека не ги слуша, а потоа и се фати за меѓуножјето.

Поради ова однесување Саудиците објавија дека против него е започната истрага. Тој е оптужен за „неморал“, а дисциплинската комисија ќе донесе конечна одлука за неговата казна во следните денови.

Се вчитува...