Спектакл од шест голови во Лондон: Хет-трик на Боувен, еврогол на Емерсон

Вест Хем Јунајтед ја забележа првата победа во 2024 година на спектаклурен начин славејќи со 4-2 против Брентфорд во натпревар во кој Џеред Боувен постигна хет-трик, а Емерсон еврогол.

Голеадата започна уште од самиот почеток на средбата кога во 5. и 7. минута Боувен донесе предност од 2-0 за Вест Хем. Во 13. минута Маупај намали на 2-1, а овој резултат остана на семафорот до крајот на првото полувреме.

Во 63. минута англискиот репрезентативец го оствари хет-трикот по фантастична асистенција на Кудус, во 69. минута Емерсон со еврогол донесе предност од 4-1. Поразот го ублажи Виса во 82. минута, а Врентфорд имаше и повеќе шанси за дополнително да ја намали негативата.

 

Се вчитува...