Детроит може да го загуби и невозможното во НБА лигата (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа само четири натпревари. Во квалитетно слабата вечер во најсилното кошаркарско првенство во светот, најинтересно беше во „Медисон сквер гарден“ каде домашните Њујорк никс во неизвесна завршница славеа над Детроит пистонс со 113-111.

Откако Детроит ги урна сите рекорди за најлоша сезона во лигата, кошаркарите на франшизата од Мичиген успеаја сигурно да прокоцкаа водство во последниот напад од 110-111, иако топката дури три пати завршуваше во нивните раце. Џејлен Брансон со 35 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 32 поени на Чед Канингем.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Индијана – Торонто 122-130, Мемфис – Бруклин 86-111 и Сакраменто – Мајами 110-121.

Се вчитува...