Фудбалерите на Јувентус, Адриен Рабио и Вестон Мекени ќе го пропуштат неделниот натпревар со Наполи поради повреди, објавија италијанските медиуми. Рабио и Мекени се здобија со повреди во победата на Јувентус над Фросиноне со 3-2 во неделата.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри мораше да го замени францускиот играч за врска веќе во првото полувреме, додека Американецот ја напушти играта кон крајот на натпреварот.
И двајцата беа на лекарски прегледи и на Рабио му беше дијагностицирано истегнување на скочниот зглоб, а на американскиот играч од средниот ред истегнување на рамото. Не е познато колку ќе трае периодот на опоравување на стартерите на Јувентус.
Јувентус е втор на табелата зад Интер, кој има девет бода повеќе, но и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА