Јунајтед ќе го врати Амрабат во Фиорентина

Манчестер Јунајтед не е подготвен на лето трајно да го откупи договорот на Софијан Амрабат. Мароканецот минатото лето на последниот ден од преодниот рок пристигна на позајмица од Фиорентина.

Јунајтед плати девет милиони евра за едногодишната позајмица, со опција да плати уште 25 милиони евра во јуни 2024 година доколку сака играчот да стане постојан член на клубот од „Олд Трафорд“.

Сепак, промените на „Олд Трафорд“ се такви што е одлучено Амрабат да се врати во својот матичен клуб, но тешко дека ќе остане таму. Со заминувањето во Манчестер тој значително ги влоши односите со навивачите на виолетовите, па веројатно ќе бара нова средина, без разлика што има договор со Италијанците. Сезонава одигра 12 натпревари за Манчестер Јунајтед во Премиерлигата, пет во Лигата на шампионите и два во Лига купот.

Се вчитува...